18.11.2011, 12:19 Дејан Недев со европска титула
Македонската репрезентација во традиционално карате од Европското првенство што во изминативe два дена се одржа во Ерусалим, Израел се враќа со освоени медали во сениорска и јуниорска конкуренција во разни дисциплини.
Дејан Недев го освои златото во кумите - борби, и сребрениот медал во истата дисциплина екипно заедно со Аљоша Недев, Кристијан Кајчевски и Матеј Ангеловски.
Аљоша Недев и Даниел Димитриевски освоија бронза во енбу м/м.
Во сениорска конкуренција значаен резултат постигна и Кристијан Кајчевски - 4 место во кумите поединечно.
Кај јуниорите, Матеј Ангеловски и Ернест Никочевиќ освоија сребрен медал во енбу м/м.
Матеј Ангеловски беше бронзен во фукуго, а заедно со Сара Гичевска беа четврти во енбу м/з.
На шампионатот учествуваа 22 репрезентации со 236 натпреварувачи.
|