17.11.2011, 14:32 Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Новиот директор на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Реза Могадам ја презеде функцијата, откако неговиот претходник Антонио Боржес поднесе оставка. Боржес ја информирал директорката на ММФ Кристин Лагард дека „од лични причини“ заминува од функцијата на која поминал една година. Могадам досега беше директор на одделението за стратегии, политики и ревизија, а таа позиција како негова замена ќе ја преземе Сидарт Тивари, досегашен секретар на ММФ.
|