17.11.2011, 12:20 Сирија пред граѓанска војна
Турција и членките на Арапската лига повикаа на „итни мерки“ за да се заштитат сириските цивили од бруталната власт. На средбата во Мароко посочија и дека се против каква било странска интервенција во Сирија. Соопштението притстигна неколку часови по извештајот дека бунтовничките сириски сили нападнале воена база близу Дамаск.
Уште еден знак за тоа дека Сирија е се' поизолирана, е тој што вчера пристигна од Франција која објави дека го повлекува својот амбасадор од таа држава. „Во Сирија се случува непрекинато насилство, што ме наведе да ги затворам нашите конзуларни претставништва во Алепо и Латакија, како и културните институции и да го отповикам амбасадорот во Париз“, изјави францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе.
Турскиот министер за надворешни работи вчера учествуваше на состанокот за турско-арапска соработка во мароканскиот град Рабат. „На форумот е заклучено дека е неопходно да се сопре крвопролевањето и да се поштедат граѓаните на Сирија од ново насилство и убиства, и бараме да се преземат итни мерки за да се заштитат цивилите“, е порачано од состанокот. Уште додадоа дека е многу важна стабилноста и единството на Сирија, како и потребата за пронаоѓање на решение за кри��ата без странска интервенција.
Пребегани припадници на сириската војска вчера ги нападнаа главните воени бази во близина на Дамаск, информираат сириските опозициски единици, а пренесе Би-Би-Си. Делови од зградата на сириската разузнавачка агенција и военото воздухопловство во Хараст се уништени во нападот, но нема информации за жртви.
Слободната сириска војска овие напади ги изврши пред состанокот на Арапската лига каде би се расправало за можности за построго казнување на безредијата во Сирија. Сириската влада строго го ограничи пристапот на странските новинари, и информациите за насилство многу тешко може да се проверат.
Обединетите народи тврдат дека повеќе од 3.500 лица загинале од почетокот на протестите во март. Сириските власти за насилството ги обвинувааат вооружените банди и милитантите. (Индекс.хр)
|