15.11.2011, 13:17 Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Скопски златар и неговата сопруга биле ограбени додека спиеле во нивната куќа на Бит Пазар, во близина на Старата скопска чаршија. Во куќата влегле насилно и од газдите барале да им го дадат сето злато што го поседувале в домот. Откако го собрале богатиот плен, сопружниците ги заклучиле во едн апомошна просторија и побегнале. Златарот и неговата сопруга некако успеале да ја отворат вратата и да излезат од просторијата во која биле заклучени. За разбојништвото веднаш ја алармирале полицијата.
Кражбата се случила завчера вечер, околу 2 часот по полноќ, на улицата „Јосиф Михјаловиќ“. Три маскирани и вооружени лица влегле во дворот на семејниот дом на златарот, а потоа насилно ја отвориле и влезната врата од домот. Таму ги пронашле 61-годишниот Р.Р. и неговата сопруга и физички ги нападнале буквално на спиење. Разбојниците барале злато и им се заканувале на сопружниците да им го дадат сиот накит кој што го имаат дома.
„Со закани, успеале да одземат златен накит во вредност од околу 300.000 денари. При бегството, разбојниците ги заклучиле сопружниците во помошна просторија. Тие некако успеале да ја отворат вратата, по што случајот го пријавиле во полиција. Се преземаат мерки за откривање на сторителите“, велат во МВР. (Д.Т.)
|