15.11.2011, 15:44 Надежите ремизираа со Данска
Данска поведе со голот на Хелениус во 73 минута, кој упати удар, а топката се одби од Ристевски и заврши во нашата мрежа.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година продолжува со добри резултати. Во својот трет меч во квалификациите за европското првенство, инаку последен во оваа 2011 година, избраниците на Бобан Бабунски на стадионот „Борис Трајковски“ одиграа 1:1 против Данска.
Данска поведе со голот на Хелениус во 73 минута, кој упати удар, а топката се одби од Ристевски и заврши во нашата мрежа.
Но, тоа не ги скрши македонските репрезентативци. Тргнаа со сите сили да израмнат и успеаја во тоа. Стрелец на голот беше Несторовски, кој најпрвин со глава биеше во стативата, а потоа беше снаодлив и одбиената топка ја прати во голот на гостите.
Македонија сега е на третото место во групата со пет бода, но и натпревар помалку од водечките Србија и Данска, кои имаат по осум. Наредниот меч младата репрезентација го игра на 29 февруари 2012 година, кога ќе ја пречека Северна Ирска.
|