15.11.2011, 14:53 Нов случај на педофилија во Велес
Откриен е нов случај на педофилија во Велес. Триесет и деветгодишен гастербајтер намамил 13 годишно девојче да спие со него, кажувајќи и дека ја сака и ветувајќи и дека кога ќе порасне, ќе ја земе со него во странство. Но, мајката на малолетничката дознала за злоупотребата на нејзината ќерка, по што случајот го пријавила во полиција. Според велешката полиција, станува збор за Н.М.(39) од Велес кој ќе одговара за „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Тој привремено работел и живеел во странство, но на 6 ноември годинава дошол во земјава. Притоа во два наврати му кажувал на 13 годишното девојче дека многу го сака и му ветувал дека откако ќе наполни 17 години, ќе може да го земе кај себе во странство. Со ваквите ветувања, тој успеал да го намами девојчето за да имаат сексуален однос. Против велешанецот е поднесена кривична пријава и му е одреден 30 дена притвор. (Д.Т.)
|