14.11.2011, 10:31 ЕУ задоволна од именувањето на Монти
Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздравија одлуката на претседателот на Италија да го повика сенаторот Марио Монти да состави нова влада на национално единство.
- Ја поздравуваме одлуката на претседателот на Италија да го повика сенаторот Монти да формира влада на национално единство. Веруваме дека со тоа ќе се испрати охрабрувачки сигнал, по усвојувањето на Законот за стабилизација за 2012 година, одлучност на италијанските власти да ја надминат моментната криза, оценија Ван Ромпуј и Баросо во заедничко соопштение.
- Како што е договорено на самитот на 26 октомври, Комисијата ќе продолжи да следи спроведување мерки во Италија со цел да и се помогне на политиката која ќе забрза раст и вработување, се додава во соопштението.
|