14.11.2011, 13:50 Разбојништва во Битола и во Врапчиште
Тројца битолчани на возраст од 16 до 29 години се приведени откако нападнале и ограбиле 27-годишен сограѓанин. Инцидентот се случил во неделата околу 20,30 часот кога насилниците го пресретнале момчето, кое се движело по улицата „4. Ноември“, му одзеле 6.240 денари, а потоа го нападнале со нож. Битолчанецот завршил во болница, каде му биле констатирани телесни повреди. Напаѓачите побегнале, но набргу биле пронајдени и приведени. Против нив ќе следува кривична пријава.
Од полицијата информираа за уште едно разбојништво. Вработен во спортска обложувалница во гостиварското село Врапчиште бил ограбен во неделата околу 23 часот кога тргнал пеш накај дома откако ја затворил обложувалницата. Бил пресретнат од „голф“, во која се превезувале тројца непознати мажи, кои му го зеле дневниот промет од 64.000 денари, по што побегнале. (Г.А.)
|