15.11.2011, 13:08 Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
УЈП информира дека почнала со дистрибуција на опомени за неплатен долг на 67.885 правни лица во вкупен износ од 63,812,859 денари.
Околу 68 илјади фирми кои не платиле радиодифузна такса ќе добијат опомена од Управата за јавни приходи за неплатен долг во 2011 година.
УЈП информира дека почнала со дистрибуција на опомени за неплатен долг на 67.885 правни лица во вкупен износ од 63,812,859 денари.
Според Законот за даночна постапка, доколку правните лица не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе почне постапка за присилна наплата на долговите.
Во случај обврзникот да има извршено уплати кои не се евидентирани во Управата за јавни приходи или има други забелешки, потребно е да се обрати во даночните канцеларии и да поднесете доказ за извршените уплати.
- Во втората фаза, УЈП ќе почне со достава на опомени и за граѓаните кои не извршиле плаќање на оваа јавна давачка, па оттука апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови, стои во соопштението на УЈП.
|