Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.11.2011, 15:36
Безбедносните камери не го фатиле убиството на Мартин



Лекарка од Брза помош тврди на телото на момчето немало видливи траги. Инспектор од МВР, пак, забележал „одбрамбени рани“

Љубиша Станковиќ

Судењето на припадникот на полициските „тигри“ Игор Спасов, обвинет за убиство на младиот Мартин Нешкоски и натаму го следат многу контроверзии. На денешното судско рочиште, од негови колеги од МВР, но и од лекарката од Итната медицинска помош, се слушнаа многу нови работи кои се однесуваат на трагичниот настан, а кои на случката од шести јуни оваа година фрлаат нова светлина.

„Кај момчето кое што лежеше на тревникот, со главата потпрена на шахта, можеше да се забележи повреда на горниот дел од носот, а имаше и траги од крв од десната носница. На левата рака, од надлактицата до подлактицата, можеа да се забележат гребаници, но траги кај клупата која што ни беше посочена не најдовме. Всушност, таму имаше траги кои според нас не можеа да се однесуваат на конкретниот настан“, изјави вчера сведокот Драган Д., вработен во МВР, кој вршел увид на местото на убиството.

Сведокот кажа дека на телото на момчето забележал „одбрамбени рани“ и објасни дека станувало збор за „рани кои не личат на повреди здобиени при пад“. Тој кажа дека критичната вечер, по добиен повик, заедно со уште еден негов колега се упатиле кон Плоштадот „Македонија“, а таму крај телото на сега покојниот затекнале уште двајца нивни колеги од Одделот за крвни деликти и двајца униформирани полицајци.

„Просторот, каде што се случил настанот бил обезбеден уште во првиот момент. Јас го фотографирав, од најмалку два агла, целиот простор, а потоа и телото на момчето кое што лежеше на тревникот со главата потпрена на шахтата. Знам дека беа беа повикани Јавен обвинител и Истражен судија, но тие одговориле дека не доаѓаат, само беше издаден налог телото да се носи во Институтот за судска медицина“, изјави сведокот Драган Д. и кажа дека додека траел убидот почнале да му приоѓаат граѓани кои сакале да кажат што точно се случувало на централниот скопски плоштад.

Овој сведок потврди дека во вакви случаи не треба да има „ротација“ на службените лица и дека не е практика оние кои први го регистирале случајот да си заминат.

„Унифорамираните лица ги задржуваат сите сведоци, го обезбедуваат местото, повикуваат Итна помош и доколку има потреба ги информираат своите претпоставени, но тука немаше задржани лица“, вели тој.

Припадниците на Комесаријатот за криминалистичка истрага, сведоците Седат И. и Живко С. кажаа дека извршиле анкетирање на сите оние граѓани кои сакале да кажат нешто за случајот. Тие зеле податоци од сите нив, но вечерта разговарале само со двајца, бидејќи другите биле под дејство на алкохол.

„Најпрво побаравме снимки од камерите на МЕПСО, но добивме писмен одговор дека тие не биле во функција, а потоа се обративме и до Градот Скопје и Општината Центар. Ни беше одговорено дека камерите, поставени со проектот ’Скопје-безбеден град’, воопшто не биле во функција“, изјави сведокот Живко С., но тој немаше одговор на прашањето зошто не биле побарани снимки од камерите на операторот „Телекабел“, а кои 24 часа го снимаат токму плоштадот „Македонија“?

„Повикот го примивме во 00.25 часот, а на посоченото место стигнавме по десет минути. Прашав што било, што се случило, но никој не одговараше. Уште кога видов како е поставено телото знаев дека било преместено. Момчето имаше вкочанет поглед и раширени зеници и беше бледо во лицето. Немаше пулсации. Тоа беше мокро и со подвиткана маица. На рацете немаше траги од убоди“, посведочи Лидија Н., лекар-специјалист од службата за Итна медицинска помош. Таа рече дека нозете на Мартин биле поставени во форма на буквата „О“, а внатрешниот дел од рацете му биле отворени кон надвор. И додека таа му вбризгувала адреналин на момчето, лекарката забележала една девојка и неколку момчиња кои и' дофрлале дека Мартин треба да биде однесен во болница и покрај тоа што веќе бил мртов.











Статијата е прочитана 2459 пати.

Испрати коментар



Подостапни уште 70 лекови
Државата сака да собере данок и од родилките
Премиерот препорачува дислокација на Топилницата
ЈСП - Цената на нафтата причина за поскапувањето на автобускиот превоз
Нов случај на педофилија во Велес
Се уште не е закажано судење за заемот на „А2“
Нема слобода за Тимошенко
Инвестирани нови 15 милиони евра во Шпаркасе Банка Македонија
Црвени јавори за „Св Климент“, јапонски цреши за „Илинден“
Економијата годинава ќе порасне за три отсто, а во 2012 за 2,5
„Пежо- Ситроен“ отпушта 4.000 работници во Франција
Ограбен златар на спиење во скопски Бит Пазар
Радиодифузна такса не платиле 68 илјади фирми
Мал авион ја промаши пистата на скопскиот аеродром
Зимската опрема од денеска задолжителна
Цената на нафтата близу 98 долари за барел
Попоски се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ
Ивановски ја оценува администрацијата со комуникација со граѓаните
Внатрешната полициска контрола од денеска отворена за граѓаните
Демонстрантите протерани од Волстрит
Бомба пред канцеларијата на грчкиот заменик-министер за надворешни
Меркел - Европа ги преживува најтешките времиња од 1945 година
(ФОТО) Протест на ДПА за употреба на албанскиот во Собрание
Украдени 12 икони од црквата „Св. Никола“ во струшкото село Радожда
Таксист фатен со 11 килограми марихуана
Брејвик ги призна убиствата, но не се чувствува виновен
Младите повеќе сакаат државна работа отколку сопствен бизнис
Десетгодишно девoјче од Мексико родило син
Поскапуваат автобуските билети на ЈСП
Денот низ фотографии
Разбојништва во Битола и во Врапчиште
Грчката Влада бара доверба од парламентот
Поддршка на „Манифестот на Македониумот“ и во другите градови
Бесими - Буџетот за одбраната во 2012 поголем за 9 отсто
Четири лица загинаа во несреќа на мал авион во Полска
Обама го отвори самитот на АПЕК
Бузек - Монти ќе формира добра влада на Италија
Иванов на меѓународен симпозиум во Париз
ЕУ задоволна од именувањето на Монти
Марио Монти на местото на Берлускони
Денот низ фотографии
Бебе загина во сообраќајка во скопско
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
Замина Берлускони, мајсторот на скандали и гафови
Лековите ќе поевтинат по секоја цена
Ставрос Димас нов шеф на грчката дипломатија
Фатен и втор ограбувач на куќата на Љубе Бошкоски
Обезбедени сите пари за „Скопје сити мол“
Баба и внук ја убиле старицата во старечкиот дом во Радовиш
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Патнички воз усмрти жена
Демолиран автомобилот на велешкиот градоначалник
Од вторник за возилата мора зимска опрема
Светска банка и одобри на Македонија 100 милиони евра
Починат кандидат со најмногу гласови на изборите за градоначалник
Доживотен затвор за американски војник поради убиство на цивили
Ал Џазира Балканс почнува со емитување програма
Најмалку 12 загинати во последниот земјотрес во Турција
Заврши средбата за утврдување на состав на грчка Влада
ХЕЦ „Бошков мост“ конечно ќе почне да се гради
Попоски: Преговори со ЕУ и паралелно решавање на името
Тројца Македонци загинаа во сообраќајка кај Бујановац
Официјално - малолетници може да возат
До Божиќ Израел ќе го нападне Иран!
Моше Кацав седум години во затвор
„Скопје 2014“ ќе се рекламира на светските ТВ-станици
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Уапсен грчки државјанин по меѓународна потерница од Интерпол Атина
Државен надомест само осум месеци пред пензија
Одложено судењето за убиството на српскиот турист Новаковиќ
Расте популарноста на Никола Саркози
Генерал Борнеман - НАТО не може да го реши проблемот со името



Зевзекмен, 14.11.2011 16:33:30
*бати приватноста што ја измислија некој шутраци, а му служи на криминалот !! Уште во СФРЈ имаше камери на раскрсници, сега ги поставија но ги исклучија, така им чини, некој си возат на црвено, па и сообраќајка да се случи нема доказ, а народот и не сака и се плаши да сведочи, не само против некој со грб, туку никогаш...Уште малку и банките ќе треба да ги исклучат камерите за да може полесно да бидат ограбени
Драган, 14.11.2011 17:12:56
Можеби треба да се испита стручноста на докторката. Такво стручно лице да работи во брза помош и да не примети траги на насилство мислам нешто навистина не е во ред.
Луда Мара, 14.11.2011 17:34:58
Интересен факт за перењето народни пари низ Скопје: „...ни беше одговорено дека камерите,поставени со проектот ’Скопје-безбеден град’, воопшто не биле во функција“(?!)Зошто беа поставувани камерите?!Кога беа поставени?Како тоа,и после толку време откако беа поставени,да не се во функција?Служат ли за украс,или само за фалење пред странците и портокалите?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Убавици разговараат зад сцената пред крунисувањето на Мис независност на стадионот за безбол во Картагена
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -5°C

Среда
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |