16.11.2011, 15:58 ДПА: Буџетот ги дискриминира Албанците
„Проектираниот буџет за 2012 година е дискриминаторски за Албанците во Македонија. Во создавањето на буџетските средства Албанците учествуваат со над 20 осто, а многу малку се возвраќа за тоа во реоните каде што живе претежно албанско население. Буџетската потрошувачка најмногу е насочена кон Македонците, додека Албанците се маргинализирани“. Вака вчера Бесник Фетаи, претседател на Комитетот за економски прашања на ДПА, го пренесе ставот на неговата партија.
Фетаи ги објаснуваше десетте подрачја во буџетската потрошувачка. Така, во дотациите на општините за општ развој, за деловите населени со албанското население се предлагаат само 7,75 осто, за образование и култура овој сооднос е 89 спрема 11 осто, а за комунална изградба 96,9 со 3,1 отсто. Во овој дел Фетаи посебно ја нагласи изградбата на коридорите 8 и 10. Додека за коридорот 8 се бара концесионерство, за коридорот 10 се користат странски кредити и државата се задолжува.
„Нема ниту предвидувања за рамномерен економски развој. Целиот износ за подигање економски зони е насочен кон Прилеп, Гевгелија..., каде што живее само македонско население. Ист е случајот и со вложувања во хидросистеми. За развој на земјоделието соседност е 95,5 осто спрема 4,5 осто и сите минимум средства се за субвенции“, подвлече Фетаи. (Г.Е.)
|