19.11.2011, 13:29 Меси, Руни и Ибрахимовиќ во конкуренција за најубав гол
Меѓународниот фудбалски сојуз ФИФА соопшти дека десет кандидати се номинирани за најубавиот гол на годината, а меѓу нив се Лионел Меси, Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ.
Во конкуренција се и головите на Бразилецот Неимар, Мексиканците Дос Сантос и Хулио Гомез, Србинот Дејан Станковиќ, Белгијанецот Бенџамин Де Клер, Аргентинецот Лисандро Лопес, како и американската фудбалерка Хатер О Рајли.
Наградата за најубав гол „Ференц Пушкаш“ е воведена во 2009 година, кога за прв пат му беше доделена на Кристијано Роналдо, додека лани победи Хамит Алтинтоп.
Победничкиот погодок ќе биде прогласен на 9 декември, а љубителите на фудбалот може да гласаат на веб страната на ФИФА.
|