17.11.2011, 10:47 Олимпијакос ја постигна втората победа во Евролигата
На домашен терен во рамките на 5.коло „црвено-белите“ ја совладаа екипата на Нанси со 91:78. Антиќ одигра 10 минути, а постигна 7 поени со 4 скокови.
Олимпијакос, тимот за кој настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ, ја постигна втората победа во Евролигата. На домашен терен во рамките на 5.коло „црвено-белите“ ја совладаа екипата на Нанси со 91:78. Антиќ одигра 10 минути, а постигна 7 поени со 4 скокови.
Во другите два натпревара од групата „А“, во Истанбул Фенербахче по продолжение ја победи екипата на Канту со 85:83, додека Билбао како гостин славеше во шпанската пресметка кај Каха Лаборал со 89:84.
Табела „А“ група: Каха Лаборал 3-2, Канту 3-2, Фенербахче 3-2, Олимпијакос 2-3, Билбао 2-3, Нанси 2-3.
Загреб ја постигна првата победа во „Б“ групата совладувајќи го Жалгирис со 80:78, додека ЦСКА славеше триумф против Уникаха со 77:66. Во последниот натпревар од оваа група вечерва играат Бамберг – Панатинаикос.
Табела „Б“ група: ЦСКА Москва 5-0, Панатинаикос 3-1, Уникаха 3-2, Бамберг 1-3, Жалгирис 1-4, Загреб 1-4.
Сите натпревари од 5.коло во „Ц“ групата се играат вечерва: Армани – Партизан, Реал Мадрид – Анадолу Ефес и Макаби – Шарлроа.
Табела „Ц“ група: Макаби 3-1, Реал Мадрид 2-2, Анадолу Ефес 2-2, Армани 2-2, Партизан 2-2, Шарлроа 1-3.
Двојките во „Д“ групата се: Уникс – Олимпија, Галатасарај – Барселона и Монтепаски – Проком.
Табела „Д“ група: Барселона 4-0, Монтепаски 3-1, Галатасарај 2-2, Уникс 2-2, Олимпија 1-3, Проком 0-4. зс/скс/9:38
|