17.11.2011, 15:48 Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Претседателот на „Градиме иднина“,Јовановиќ, откри дека во криминалот со посвојување на децата биле вмешани и лекарите и болниците.
Јасмина Јовановска
Со лажни посмртници, здрави и живи деца се давале на посвојување за пари. Ова го тврди претседателот на Здружението за деца и младинци без родители „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ, кој денеска преку неколку случаи на посвоени деца во земјава откри дека во криминалот со посвојување на децата биле вмешани и лекарите и болниците.
„Пред 12 години на мајка од Скопје која носела женско дете и бременоста и била во ред, неколку минути по породувањето и рекле дека родила мртво бебе. Од неа и од сопругот, болницата барала да потпишат изјава дека бебето им е починато, но место со женски пол, во изјавата стоело бебе со машки пол. Тие одбиле да ја потпишат изјавата и не го подигнале лимениот ковчег кој им бил даден само да го видат без да го отворат. Од тогаш на нивната ќерќа и се губи и трагот и гласот“, ја раскажува приказната Јовановиќ, кој додаде дека жената била породена во болницата во „Чаир“.
Со слични и потресни сведоштва Јовановиќ изнесе уште неколку случаи, како што рече н�� крадење на бебињата во родилиштата, за кои оштететните семејствата се охрабриле да проговорат, откако Министерството за труд и социјална политика откри бројни неправилности во посвојувањата. “Секој ден ми се јавуваат семејства кои имале проблем со нивните деца или некои кои имале проблеми со посвојување. Досега сум бил на разговор кај седум семејства, а во посета ќе одам и кај семејствата од Радовиш, Битола, Струмица“, вели Јовановиќ кој нема да запре да ги открива случаите на криминал со бебињата за посвојување.
|