Меркел: Еврозоната и понатаму бара излез од должничката криза
Германскиот канцелар Ангела Меркел по состанокот со ирскиот премиер Енди Кели призна дека еврозоната се уште не го пронашла патот кон заздравување од должничката криза.
- Сметам дека се уште не сме одговориле на соодветен начин на прашањето за иднината на еврозоната, истакна Меркел која верува дека единствен начин за враќање на пазарната доверба е во промена на договорот за ЕУ со што би се зголемило овластувањето на Унијата за казнување на земјите кои флагрантно ги кршат прописите за буџетската дисциплина.
Кели наведе дека повеќе би сакал да ги искористи механизимите кои во моментот се на располагање во ЕУ пред дас е преземат мерки за промена на договорот. ми/9:24