17.11.2011, 14:55 Тодор Гечевски нов член на МЗТ Скопје Аеродром
Македонскиот кошаркарски репрезентативен центар денеска потпиша за МЗТ Скопје Аеродром, клуб кој има шампионски амбиции оваа сезона
Со доаѓањето на Гечевски, екипата од „Јане Сандански“ доби репрезентативен тандем под кошевите, бидејќи од почетокот на сезоната клубот се засили и со Ѓорѓи Чековски.
Кавадарчанецот пред три месеци, за време на Европското првенство во Литванија ја повреди раката и оттогаш нема настапувано на кошаркарски натпревар. Повредата на новиот „металец“ е санирана, тој претходната недела имал индивидуални тренинзи и во зависност од подготвеноста се очекува негов настап веќе на следниот дуел кој МЗТ Скопје Аеродром го игра в недела против Торус.
Тодор Гечевски во својата кариера веќе има настапувано за МЗТ Скопје (сезона 2000/01), а играл и во Тиквеш, Работнички, Николферт, Ер Авелино, Бранд Хаген, Задар и Паок.
|