18.11.2011, 13:38 Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Членовите на Комисијата за надворешни работи на ЕП искажаа песимизам дека Македонија ќе добие датум за преговори во декември, иако напредокот на Хрватска треба да биде охрабрување за земјите од Западен Балкан.
Неколку европратеници – членови на Комисијата за надворешни работи на ЕП, веднаш по усвојувањето на резолуциите за пристапувањето на Хрватска во ЕУ, искажаа песимизам дека Македонија ќе добие датум за преговори во декември, иако напредокот на Хрватска треба да биде охрабрување за земјите од Западен Балкан.
Австрискиот европратеник Јоханес Свобода од редовите на социјалистите за Радио Дојче веле оценува дека и покрај ова ќе биде тешко за Македонија да добие датум за преговори.
- Тоа зависи од едногласноста на Советот, со новата влада и изјавите на шефот на конзервативната партија во Грција ќе биде многу тешко. Ја пропуштивме можноста и шансата со поранешната грчка влада, сега тоа ќе биде многу тешко. Решавањето на прашањето за спорот за името со новата влада во Грција ќе биде уште потешко. Македонија и владата во Скопје треба да најдат компромисно решение со Грција. Тоа сега е многу ургне��но и јасно, посебно откако Хрватска ќе стане членка на ЕУ, апсолутно е важно да започнат преговорите меѓу ЕУ и Македонија, вели Свобода.
Европратеникот од Словенија Иво Вајгл е многу подиректен: - „Не сум оптимист!... Овде во Европарламентот ние сме единствени, тука постои огромно мнозинство кое сака да ја види Македонија во полноправно членство во ЕУ. Но дали тоа е доволно и Советот на ЕУ да се постави поинаку, не сум сигурен и велам дека треба да се работи на спроведување на стандардите на ЕУ во целиот процес на приближување. Не постои скратен пат за тоа, тоа треба да го сфатат и македонските политичари.“
Вајгел нагласува дека „веројатно, тоа што Македонија стои во место во својата евроинтеграција, е една од причините дури и за фрустрација на македонската политика“.
- Меѓутоа, не е паметно да се препушта на фрустрации и да се прават демонстративни потези. Треба да се биде конструктивен, смета словенечкиот европарламентарец.
Германската европратеничка од на Народните партии Дорис Пак исто така не верува дека во декември Македонија ќе добие датум за преговори, посебно по промените во грчката влада и кога грчкиот народ се турка кон национализам.
- Не верувам, тоа е моето чувство, според она што го имам слушнато ќе биде тешко. Ние немаме средства за да присилиме една земја да направи нешто, вели Пак.
Таа стравува од новите одложувања на датумот за преговори, бидејќи со тоа се создава повеќе национализам и во Македонија и тоа предизвикува неволји и во соседните земји.
- Ваквата ситуација е опасна, опасна е бидејќи Македонија беше навистина на добар пат по Охридскиот договор, сега има многу сигнали на национализам и знаете, тоа не помага во Советот на ЕУ, кој гледа дека националзимот расте и не сфаќа или не сака да сфати дека тоа е поради тоа што не може да се напредува. Тоа е како маѓепсан круг, смета Дорис Пак.
Во усвоените резолуции за Хрватска, за кои ќе се гласа на пленарната сесија во Брисел на 30 ноември или 1 декември, европратениците меѓу другото, уште еднаш изразија „цврсто верување дека отворените прашања со билатерален карактер не смеат да го запираат процесот на земјите кандидати и потенцијални кандидати од регионот на Западен Балкан.
|
|
Статијата е прочитана 861 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Vasko Kocani, 18.11.2011 14:45:04 | Ovie EU pratenici zboruvat deka se siri nacionalizmot vo Makedonija, a nasite tuturutki politicari spijat bez protivargument. E kade go gledat toj nazionalisam kaj nas neka kazat germancite kade ima kaj nas organizirani grupacii sto ubivaat luge od malcinstvata kako sto e momentalno primer vo Germanija.Samo ne zaebavaat, samo do koga vaka neznam ke ne polnat frustracija |
| Граѓанин, 18.11.2011 16:26:57 | Од каде видоа ширење на национализам кај Македонците, жити се?? Ништо не сме поразлични на таа тема од било која најпримерна држава.
Не ме зачудува што мафтаат за да ја оправдаат неоправдливата одлука да се поддржи односот на соседот што се коси со сите основни норми, туку ме зачудува фактот што европските политичари повеќе не знаат ни да мафтаат (за што ние би си рекле дека треба да се најголеми експерти, веднаш по американските).
Во политиката (особено меѓународната) работите се *спинуваат*, т.е. се зема нешто што е само делумно така, или така од други причини, и се извитоперува и се капитализира на тоа. Во овој случај (и во други во последниот извештај) работите се апсолутно измислени без дури најмала тронка на никаква реалност.
Тоа не е спин, тоа е тресната зелена. Во политичката манипулација или се извртуваат работите или се лаже за нешта што се непроверливи. Тоа стои во правилникот на Јозеф Гебелс, ни помалку ни повеќе.
А ова што се случува, едноставно е несфатливо... |
| ZORAN - ANDERLECHT, 18.11.2011 17:47:02 | ..hahahaha,... jaka novost ovaj pat prenesovte,.
Nemoj da se bavite so Brussel, toa e banda ,za koja vie uste nemate pojma,..treba DA PORASTITE.
Napreduvajte ekonomski ,ostavetego Brussel ,voopsto nee vazen za vasata sudbina.Prvi pat se javuvam ,zatoa sto ne mi se veruvat kolku imae doverba vo EU. |
| да сумираме, 18.11.2011 18:42:22 | Свобода:„Македонија и владата во Скопје треба да најдат компромисно решение со Грција“.Вајгл:„Не постои скратен пат за тоа,тоа треба да го сфатат и македонските политичари“.Пак:„Сега има многу сигнали на национализам“.Значи,сега има многу национализам,а Македонија и владата во Скопје теба да најдат компромисно решение со Грција и дека треба македонските политичари да сфатат дека не постои скратен пат.Но без разлика што дали ќе добиеме датум за преговори или не,најжалосно е што во Македонија се живее се`полошо и полошо. |
| mihajlo, 18.11.2011 19:09:55 | Zapadnoevropskite luzeri ni drzat pridiki deka Makedonija ja propustila sansata za vlez vo EU bidejci nie sme vinovni sto ne sme uspeale so vizantija da postigneme dogovor,odnosno da go smenime imeto.Luzeri. imajci go toa vo predvid demek vo Makedonija postoi opasnost za pojava na nacionalizam.Tie evropski vagabondi ne razlikuvaat nacionalizam od pojava na iskreni nacionalni custva kon svojata zemja i kon svojot narod a sto se odnesuva do nacionalizmotneka svati spak deka nie ne sme Germanci i nie ne znaeme sto e toa nacionalizam.nejzinite predci se tie koi vo dva navrata vo dvaesetiot vek covestvoto vo dva navrata go frlija na kolena so svojot izum narecen nacionalizam.zatoa dosta ni se pridikite od takov vid.neka prodolzat da ja spasuvaat vizantija belkim i tie zaedno so nea ce propadnat.ima gospod,ce dojde vreme za nasata pravda.za mene nikogas ama nikogas ne bi sakal da bidam vo drustvo so nacionalisti. |
| Fasizam vo EU, 18.11.2011 21:21:37 | Da go opisheme evropskiot nacionalizam i fascizam vo dve recenici. Strancite vo evropa se potrebno zlo. (Potreba od eftina rabotna snaga) I veke vo site evropski drzavi nacistite zajaknuvaat i veke ubivaat stranci. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Делумно облачно
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 11°C, Мин: -7°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|