18.11.2011, 11:37 Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Попоски ќе се сретне со министерот за европски прашања Николаи Вамен и ќе има работен ручек со претседателот на Парламентот Могенс Ликетофт.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска престојува во еднодневна посета на Данска.
Попоски ќе се сретне со министерот за европски прашања Николаи Вамен и ќе има работен ручек со претседателот на Парламентот Могенс Ликетофт.
Министерот Попоски во Копенхаген ќе побара поддршка од Данска за продолжување на процесот на македонското евроинтегрирање, во контекст на очекувањето Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство.
На 1 јануари 2012 година Данска го презема шестмесечното претседателство со Европската унија. Тоа ќе биде седми пат како оваа држава е на чело на ЕУ од нејзиното зачленување во 1973 година.
|