21.11.2011, 13:15 Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Шведските домаќинства најмногу од сите во Европа ги зголемуваат своите кредитни задолжувања. Во последните пет години во Шведска е регистриран највисок пораст на станбени кредити. Почнувајќи од 2001 година шведските граѓани ги зголемувале станбените кредити за над 10 отсто годишно, освен во текот на финансиската криза во 2008 година. Шведските домаќинства имаат долг за еден и пол пат поголем од годишните приходи, така што сега се слушаат предупредувачки гласови во однос на натамошното задолжување. „Пред да се соочиме со кризи, често гледаме брз пораст на станбеното задолжување“, вели Бенгт Хансон од шведскиот Државен совет за станбени кредити. Овие податоци произлегуваат од истражувањето што Шведската телевизија СВТ ги направи врз база на статистиката од шведскиот Државен совет за станбени кредити, ОЕЦД и Европската централна банка, која се однесува на развојот на станбеното кредитно задолжување во Европа.
|