21.11.2011, 14:48 Тадиќ: Косово нема да го признаеме ниту експлицитно ниту имплицитно
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави по повод денешното продолжување на дијалогот меѓу претставници на Белград и Приштина дека Србија нема да дозволи во тој процес ниту имплицинтно или експлицитно да ја признае независноста на Косово.
- Сакаме да ги решиме проблемите на граѓаните. Србија не сака прашањето за Косово да се стави под тепих. Напротив, сакаме со иницијативи да одиме кон решение на проблемот за Косово кој не го засега само спрскиот народ туку и европскиот континент, изјави Тадиќ.
Тој додаде дека Србија ќе продолжи да се бори за своите интереси, сопственост и народ во Косово.
- Тоа е најважната мисија на Владата и претседателот на Србија. Никогаш нема да се откажеме од интересите на нашите граѓани, нагласи Тадиќ.
|