22.11.2011, 13:11 „Нудизам“ на Ацо Станковски од вечерва во Мала Станица
„Нудизам“ е насловот на изложбата на мултимедијалниот уметник Ацо Станковски што ќе биде отворена вечерва во „Мала станица“ во 20 часот.
Изложбата го опфаќа најновиот циклус од околу 300 дела на Станковски, актови што тој ги изработил во изминатите четири години. Низ нив авторот истражува повеќе аспекти од човековото постоење и историјата на уметноста, ги истражува потсвесните човекови сексуални нагони и искуства, визуелизирајќи го интимното и по малку перверзното. Таа дава и свое видување за интригантноста меѓу јавното и приватното.
Изложбата ќе ја отвори директорката на Националната галерија, Маја Kрстевска. (К.Б.)
|