21.11.2011, 11:55 Бронзена статуа на Личеноски во дворот на средното уметничко
Статуата е донација на скулпторот Димитар Филиповски, професор во училиштето, и е по повод еден век од раѓањето на Личеноски.
Бронзена статуа на Лазар Личеноски висока два метра денеска ќе биде откриена во дворот на средното уметничко училиште во Скопје, што го носи неговото име. Статуата е донација на скулпторот Димитар Филиповски, професор во училиштето, и е по повод еден век од раѓањето на Личеноски, еден од основоположниците на македонското современо сликарство.
Филиповски дипломирал на вајарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1998. Десет години работел во ателјето на академик Томе Серафимовски. Од 2006 година е професор во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.
Автор е на поголем број скулптури, меѓу кои се бронзените скулптури „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еееј!“ и мермерните статуи на Цар Самоил и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје.
|