24.11.2011, 11:46 Барса незадржлива, Апоел во осминафиналето!
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со својата екипа Апоел избори пласман во следната рунда, откако против Зенит одиграа нерешено 0:0 Европскиот шампион Барселона, Арсенал, италијанскиот шампион Милан и тимот на Иван Тричковски, Апоел се новите учесници во осминафиналните натпревари во Лигата на шампиони. Тие им се придружија на Интер, Реал Мадрид и Баерн Минхен, кои во вторникот ги обезбедија првите места во своите групи.
Барселона со 3-2 славеше на гостувањето во Милано и едно коло пред крајот на групната фаза има 13 бодови, пет повеќе од второпласираниот Милан, кој исто така обезбеди пласман во нокаут фазата на најелитното европско натпреварување. „Росонерите” и Каталонците последното коло против Плзен во Чешка, односно дома против БАТЕ, го играат само за престиж.
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со својата екипа АПОЕЛ избори пласман во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите, откако синоќа на натпреварот од 5.коло против Зенит одиграа нерешено 0:0. Освоениот бод му беше доволен на претставникот на Кипар да обезбеди пласман во следната рунда. Тричковски беше сменет во претпоследната минута од натправарот.
Преглед на резултатите и табелите по 5.коло:
„Е“ група: Баер Леверкузен - Челзи 2:1, Валенсија - Генк 7:0. Табела: Баер Леверкузен 9 бодови, Челзи 8, Валенсија 8, Генк 2.
„Ф“ група: Арсенал - Борусија Дортмунд 2:1, Олимпик Марсеј - Олимпијакос 0:1. Табела: Арсенал 11, Олимпик Марсеј 7, Олимпијакос 6, Борусија Дортмунд 4.
„Г“ група: Зенит - АПОЕЛ 0:0 и Шахтјор - Порто 0:2. Табела: АПОЕЛ 9, Зенит 8, Порто 7, Шахтјор 2.
„Х“ група: БАТЕ Борисов - Викторија Плзен 0:1 и Милан - Барселона 2:3. Табела: Барселона 13, Милан 8, Викторија Плзен 4, БАТЕ Борисов 2.
|