24.11.2011, 14:31 Пејачот на „Ајрон мејден“ веќе не лета
Компанијата „Астераеус ерлајнс“ за која 53-годишниот жесток металец работел последниве неколку години, неодамна објавила стечај.
Брус Дикинсон, пејач на британскиот хевиметал-бенд „Ајрон мејден“, останал без работа. Тоа, сепак, не значи дека го напушта бендот, туку пилотската опрема ќе ја спакува до следната можност. Компанијата „Астераеус ерлајнс“ за која 53-годишниот жесток металец работел последниве неколку години, неодамна објавила стечај.
Лошата вест за стечајот на компанијата за која работел Брус ја слушнал враќајќи 250 патници од Саудиска Арабија во Манчестер. Веднаш по слетувањето, добил и официјална потврда дека компанијата, па така и неговото работно место, веќе не постојат. Пејачот добил Дозвола за летање во почетокот на деведесеттите години на минатиот век откако минал школа за летање на Флорида. Летајќи за „Астераеус“, најмногу со „боинг 757“, го прелетал целиот свет, а имал и неколку опасни ситуации.
Така, во 2006 година вратил дома од Либан околу 200 Британци што се нашле среде судирот на израелската војска и силите на Хезболах. Управувал и со авион на „Ајсланд експрес“ во 2008 година, со кој од Египет извлекол 180 туристи што останале без превоз поради пропаста на една фирма.
|