25.11.2011, 11:26 Пратенички прашања на дневен ред на Собранието
Пратениците од власта и опозицијата денеска за првпат по предвремените парламентарни избори ќе имаат можност да ги судрат своите ставови.
Пратениците од власта и опозицијата денеска за првпат по предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 5 јуни, ќе имаат можност да ги судрат своите ставови и да се соочат очи в очи на собраниската седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања.
Од опозицијата најавуваат остра реторика. Оттаму посочуваат дека ќе бидат немилосрдни кон премиерот Никола Груевски и дека од него ќе побараат вистински отчет за првите 100 дена од владеењето на новата Влада, а не „оној отчет кој ВМРО-ДПМНЕ низ розови очила им го презентира на граѓаните“.
Се очекува дел од прашањата за пратениците од владејачката коалиција да бидат за амнестијата на хашките случаи, убиството на Мартин Нешкоски, последното задолжување од 130 милиони евра, евроатлантските интеграции, прославата за 8 Септември итн.
|