24.11.2011, 13:39 Сикорски: Полска е немоќна против грчкото вето
Република Македонија предолго чека пред вратите на ЕУ, но Полска не може да каже кога Грција ќе го повлече ветото, изјави полскиот министер за надворешни работи.
Република Македонија предолго чека пред вратите на ЕУ, но Полска не може да каже кога Грција ќе го повлече ветото, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, за време на вчерашната седница на Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент.
- Во врска со грчкото вето ги преценувате моите можности. Незнаеме кога може да почнат преговорите, рече Сикорски одговарајќи на прашањата од членовите на Групата пријатели на Македонија, европратеникот од Словачка Едуард Кукан и неговиот британски колега Чарлс Танок.
Европратениците, потсетувајќи дека Македонија веќе седум години чека датум за почеток на преговори со ЕУ, што, истакнаа, е премногу долго, прашаа кога може да се очекува Грција да го повлече ветото, и со тоа да престане да ја блокира Македонија и што може Полска како актуелен председавач на Советот на Унијата да направи во врска со тоа.
Членовите на Групата пријатели на Македонија потенцираа дека нема да дозволат земјата да се симне од агендата за следното проширување на ЕУ, ќе продлжат да лобираат и да ја поддржуваат македонската евроинтеграција.
Во своето обраќање пред Комисијата Сикорски се задржа на моменталната состојба на Блискиот Исток (Сирија, Египет, Иран и Ирак), како и на проблемите меѓу Русија и Грузија, Укаина и Молдавија, Белорусија и ЕУ. Во врска со Западен Балкан, тој посочи дека би биле среќни доколку Србија добие кандидатски статус до крајот на годинава, а Црна Гора почне преговори во следните месеци.
|