25.11.2011, 13:53 ЕЦБ може повторно да ја намали каматната стапка
Европската централна банка веројатно повторно ќе ја намали каматната стапка доколку економската состојба не се подобри, пишуваат белгиските весници, повикувајќи се на изјава на членот на Советот на управата на ЕЦБ, Лук Коен. „Доколку се задржат сегашните трендови, веројатно ќе следи ново намалување на каматните стапки“, иузјавил Коен. Централната банка на еврозоната претходно овој месец ја намали каматната стапка за четвртина процентен поен, на 1,25 проценти, а новиот претседател на ЕЦБ Марио Драги изјави дека еврозоната би можела да западне во „блага рецесија“ уште кон крајот на оваа година. Аналитичарите проценуваат дека постојат шанси 50 спрема 50, ЕЦБ во декември повторно да ја намали каматната стапка. Коен, кој исто така е гувернер на Белгиската централна банка, изјави дека обемните купувања на обврзници на финансиски послабите членки на еврозоната не претставува одржливо решение и оти тоа е само привремена мерка. (МИА)
|