28.11.2011, 14:05 Васко Василески нов директор на НУ„Охридско лето“
Васко Василески е новиот директор на Националната установа „Охридско лето“, информира Министерството за култура. Василески е избран за директор на Конкурсот за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучила дека Василевски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, поседува стручни и други квалитети.
Кандидатот, во предложената програма понудил предлози за подобрување на техничката опременост и организациското поставување на фестивалот, како и програмско зајакнување, пласман на фестивалот преку маркетиншки активности, техничко унапредување на постојните сцени, како и дополнување со нови.
Министерството за култура информира дека на објавениот Конкурс за избор на директор на Националната установа Национална галерија на Македонија, врз основа на предлогот од Комисијата, за директор на оваа институција е избрана Халиде Палоши.
Палоши во по��удената програма дава предлози за развој и унапредување на основната дејност на Националната галерија на Македонија, во насока на реализација на активности поврзани со изложбената и музејската дејност, во чиј контекст е и грижата за културното наследство, како и промотивни активности.
Халиде Палоши во својата програма се осврнува на изложбените капацитети на установата во рамки на нејзините три простори - Даут-пашин амам, Чифте амам и мултимедијалниот центар „Мала станица“, како силен потенцијал за интензивирање на изложбените активности. Предвидена е и соработка со сродните институции, како во Република Македонија, така и на меѓународно ниво, преку ликовно претставување на нашите автори во странство.
|