30.11.2011, 15:19 Литвос и Самарџиски несопирливи
Самарџиски одигра 20 минути во победата над Ле Ман (79:62), во кои постигна седум коша (3/5 за два, 1/2 од слободни фрлања)
Нова убедлива победа за тимот на нашиот репрезентативен центар во Еврокупот, Предраг Самарџиски. Фантастичната трета четвртина му донесе триумф на Литвос Ритас против Ле Ман од 79:62. Францускиот тим подобро го почна натпреварот на домашен терен и со положувањето на Колман првата четвртина ја доби со 20:12.
Сепак, уште на стартот на вториот дел Литвос Ритас почна да делува во препознатлив ритам и користејќи ја висината и силата под кошевите, често успеваше да создаде лесни позиции за реализација. Предраг Самарџиски и Александар Рашиќ го комплетираа пресвртот со неколку поени по ред и на полувреме Литвос Ритас замина со предност од 32:28.
Во третата четвртина Литванците направија серија до 16:0 и практично уште тогаш го решија натпреварот, кој на крајот го добија со 78:62. Самарџиски одигра 20 минути во кои постигна седум коша (3/5 за два, 1/2 од слободни фрлања).
|