29.11.2011, 14:22 Светски првак се предозира
Актуелниот светски првак во бокс во средна категорија, според ВБФ-верзијата, Австралиецот Шенан Тејлор е хоспитализиран во Волонгонг, во близина на Сиднеј, во критична состојба поради предозираност.
Според вестите што доаѓаат од Австралија, Тејлор се бори за живот и докторите се' уште не сакаат да излегуваат со прогнози во јавноста.
Пред 10 години Тејлор призна дека има проблеми со дрога, а за време на кариерата неколку пати се лекуваше од зависноста, па затоа се чинеше дека црните денови за него се минато.
Тејлор во минатиот месец ја одбрани титулата по триумфот над Синтунга Киетбусаба од Тајланд. Во 2005 година и во 2006 година боксуваше и за обединување на трофејот во ИБФ верзијата, но обидите завршија без успех по него. Прво загуби од Рејмонд Џовала, а потоа и од Артур Абрахам. Во кариерата имаше 52 борби од кои 37 ги реши во своја корист со нокаут, а 10 пати беше поразен.
|