29.11.2011, 13:50 Кими Раиконен следните две сезони во „Лотус“
Шампионот на Форула 1 од 2007 година, Финецот Ким Раиконен во следните две сезони на Шампионатот на Ф1 ќе настапува во тимот на „Лотус“
Раиконен, кој пред две години ја напушти Ф1 и оттогаш се натпреваруваше во Светскиот рели шампионат и во НАСКАР серијата, изјави дека му недостасувало натпреварувањето во Формула 1 и дека со нетрпение ја очекува следната сезона.
- Учеството во Светскиот рели шампионат беше корисно за мојата возачка кариера, но таму никако не можев да ја почуствува страста на трките што ја има во Формула 1. Лесно ја донесов одлуката за враќање, бидејќи сум импресиониран од амбициите на тимот на „Лотус“, изјави Раиконен.
Првиот човек на „Лотус“ Џерард Лопез изјави дека се радува поради соработката со поранешниот светски првак.
- Одлуката на Раиконен да се врати во Формула 1 е само првиот во низата чекори кој ќе придонесе да станеме многу сериозни учесници во првенството, додаде Лопез.
Оваа сезона за тимот на „Лотус“ настапуваа Бразилецот Бруно Сена и Русинот Виталиј Петров. Во генералниот пласман тимот беше петти со освоени 73 поени.
|