30.11.2011, 12:16 Напаѓач од Истанбул убиен откако рани три лица
Турските сили за безбедност го убија напаѓачот во дворецот Топкапи во Истанбул, кој претходно рани три лица, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Напаѓачот почна да пука по случајни минувачи, а по доаѓањето на полициските сили раменуваше оган и со полицајците речиси еден час.
Началникот на полицијата во Истанбул Хусеин Чапкин потврди дека напаѓачот е убиен.
Според очевидец од местото на нападот, напаѓачот бил вооружен со пушка и извикувал „Алах е голем и други работи на арапски јазик“. Тој бил облечен во фармерки и кожна јакна и имал брада во „форма на катанец“.
При истрелите се повредени еден војник, чувар на паркинг и турист, кои се пренесени во болница, но засега нема инфорации за сериозноста на нивните рани.
|