22.11.2011, 15:12 Навивачко стампедо однесе два живота во Џакарта
Двајца мажи загинаа, а едно дете се бори за живот по стампедото што се случи во Џакарта во пресрет на финалето на Јужноазиските игри меѓу Индонезија и Малезија.
Сите 88 илјади влезници биле распродадени, а неколку илјади фанови останале пред стадионот „Гелора Бунг Карн“ во надеж дека некако ќе успеат да влезат и во живо да го следат фудбалскиот дуел меѓу домаќинот и големиот ривал Малезија.
Илјадниците фанови во еден момент предизвикале стампедо во кое загинале двајца, а повеќемина се повредени и префрлени во болница. Најтешко поминало едно дете кое се бори за живот и се наоѓа во кома.
И покрај трагедијата мечот е одигран, а златото и припадна на Малезија, која славеше на пенали со 4:3.
|