22.11.2011, 15:16 Градот распиша конкурс за фотографија
Град Скопје првпат распишува конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија. Конкурсот почнува денеска, а ќе заврши на 20 декември годинава.
Сите заинтересирани кандидати можат да испраќаат фотографии на следниве теми - „Скопје - Градот што се менува“, „Старата скопска чаршија и знаменитостите“ и „Водите и убавините на Скопје“.
Наградените фотографии, како што соопшти Град Скопје, потребно е да бидат доставени во оригинален формат, односно фотографија 30/40 сантиметри и во дигитален TIFF формат, со висока резолуција.
Изборот на фотографиите ќе го изврши комисија формирана од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски според критериумите утврдени во конкурсот.
Избраните фотографии, ќе бидат наградени и по потреба откупени од Град Скопје. За секоја од трите теми ќе се доделуваат по три награди. Првата награда изнесува 18.000 денари, втората 15.000 и третонаградените фотографии ќе добијат по 7.000 денари.
Пријавите за конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.
Заинтересираните лица повеќе информации за учество на конкурсот можат да добијат на - http://www.skopje.gov.mk/images/Image/konkurs%20za%20fotografii-opsirno%20za%20It.pdf
|