Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.11.2011, 15:08
Новиот албум на Кејт Буш носи инспирација



„50 зборови за снегот“ на ексцентричната пејачка излезе овој месец за нејзината сопствена издавачка етикета „Fish People“

„Педесет зборови за снегот“, новиот албум на ексцентричната уметница Кејт Буш, ги израдува, но во исто време и ги изненади нејзините фанови. Албумот е прекрасна поетска читанка со меланхолични мелодии, опишан е како албум со моќна атмосфера кој ја разбудува фантазијата, како имагинативен, контемплативен. Тоа од една страна, но од друга, Кејт Буш изненадува со брзината на нејзината творечка креативност, како и со промената на нејзиниот музички фокус. „50 words for snow“ доаѓа многу брзо по „Director's cut“ (2011), и покрај тоа што „Director's cut“ претставува верзии на нејзините албуми „The Sensual World“ од 1989 и „The Red Shoes“ од 1993 година. А, музичкиот израз зачудува затоа што малку се помрднува од оној повеќе енергичен и импулсивен пристап на Буш по кој ја препознаваме од 80-те. Како и да е, Кејт Буш, една од највлијателните пејачки воопшто во историјата на модерната музика, се враќа на сцената и повторно многу моќно, многу инспиративно, како што тоа го правеше во минатото, со прекрасен албум кој возбудува, кој ве тера да сонувате. Но, што друго и да се очеку��а од неа?

Новиот, десетти по ред студиски албум на Кејт Буш, издаден за нејзината сопствена етикета „Fish People“, содржи седум долги композиции, трае над 65 минути и потсетува на нејзиниот легендарен „The Sensual World“. Еден музички критичар ќе запише: „Албумите на Кејт Буш се како хронологија на љубовните врски на една жена. Тие први ја поседуваат страста, имаат опивачки мелодии, крици, воздишки... Со новиот албум, Буш како да сака да внесе малку мистерија во својата љубов... Зимската идила е погодена со секоја нота...“

Инаку, последниот студиски албум на Кејт Буш кој содржи целосно нов материјал е „Aerial“ од 2005 година. И „50 words for snow“, кој доаѓа по шест години пауза, иако, како што кажавме, е малку поинаков од оние остварувања што Буш ги реализираше на врвот на нејзината кариера, сепак ја поседува нејзината препознатливост. Се разбира, тоа е нејзиното најсилно оружје - гласот. Музиката и овде е еклектична, движејќи си низ палета од различни стилови, но најмногу внимание се посветува на атмосферата, да се постигне наративното значение. А, токму двете специфики, еклектицизмот и гласот, ја направија Кејт Буш една од најуспешните женски вокалистки во Велика Британија во изминативе три децении.

Кејт Буш (1958, Кент, Лондон) со својата специфична музика, со својот фантастичен експлозивен глас кој опфаќа дури три октави, и нејзиното специфично „врескање“, со прекрасните композиции во кои музиката и лириката имаат подеднакво важно значење, стекна огромен број на фанови уште со првиот хит од 1978 - „Wuthering Heights“, инспириран од познатиот роман на една од сестрите Бронте. Оствари огромно влијание врз многу други музички артисти во светот. Покрај музиката, се истакна и по својот целокупен имиџ, како модна икона, па многу светски модни дизајнери и посветуваа цели колекции. Кејт Буш беше една од најфотографираните жени во Британија. Нејзините почетоци во кариерата се должат на Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“, по чија препорака на свои 16 години склучува договор со познатата дискографска куќа „ЕМИ“. Со нејзиниот трет албум „Never for Ever“ од 1980, станува првата британска соло изведувачка на првото место на британската топ скала. Во 1987 година ќе ја добие „BRIT Award“ како најдобра британска соло изведувачка. И денес не се забораваат сингловите „Running Up That Hill“, „King of the Mountain“, „Babooshka“, „The Man with the Child in His Eyes“, „Don't Give Up“ со Питер Габриел... Соработуваше со широк дијапазон на уметници, како гитаристите Ерик Клептон, Џеф Бек, Дејвид Гилмор, басистот Мик Карн, виолинистот Најџел Кенеди...



Статијата е прочитана 387 пати.

Испрати коментар



„Три“ ги откупи правата за биографијата на Стив Џобс
Trash for аrt - конкурс за уметничко дело од амбалажен отпад
Французите забранија спот на пејачката од Барбадос
(ФОТО) „Нудизам“ на Станковски ја исполни „Мала станица“
Градот распиша конкурс за фотографија
Фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“
Изложба на кураторски проект на ДВД
Разголени Израелки ја поддржаа голата египетска блогерка
„Нудизам“ на Ацо Станковски од вечерва во Мала Станица
Продор на „Фејсбук“ на пазарот на мобилни телефони
Женскиот квартет „Ролин Фонс“ во Музеј на град Скопје
Австрискиот „Лурд“ победник на „Синедејс“
Бронзена статуа на Личеноски во дворот на средното уметничко
Втор меѓународен фестивал на филмови снимени со мобилен
Калиопи ќе не претставува на Евросонг 2012!
Како навистина умре Натали Вуд
Промовирана „Македонија во транзицискиот тунел“
(ИНТЕРВЈУ) Важно ми е да работам и во Македонија
Викендов две претстави на Скопје танцов театар
Концерт на „Скопје конекшн“ со Ернст Реијзегер на виолончело
Деми Мур - Мојот брак се Качер е готов
Наградата од Лоѓ е значајна за нашата вербa
Ејми Вајнхаус ги напишала сите песни за третиот албум
Промоција на „Кино Неимар“ и „Пит кралски“ од Горан Тренчовски
„Kантон 6“ и „Проект 2501“ на оф-програмата на „Таксират“
Потпишана програма за културна соработка со Кина
Македонски фолклор на Вренцоска во Пекинг
Македонка на финалето на Мис на сите нации во Кина
Списанието „Џи Кју“ ја стави актерката Мила Кунис меѓу мажи
Саша Ефтимова наградена за кореографија во Лоѓ
Голи слики на Кели Брук како доказ за „Твитер“
Сандра Булок во врска со Кијану Ривс
Настапи на Владимир Четкар во Њујорк и Чикаго
Актерот и режисер Лазар Ристовски гостин на „Синедејс“
Ана ги усреќи Пандеви
Мајка и ќерка во реклама за долна облека
Дебелиот Џо на „Таксират“
Награда за „Мајки“ на филмскиот фестивал во Минск
Били Кристал ќе ја води церемонијата на доделување Оскар
Стариот театар ќе стартува со „Вечната куќа“ на Плевнеш
Почина великанот на српското глумиште Петар Краљ
„Рокенрол“ од Приштина најдобра претстава на „Скупи“
(ФОТО) Никогаш не е доцна да се сака Давид Албахари
Почнува 10. фестивал на европски филм „Синедејс“
Зоран Попоски со видео проекции во САД и Русија
Морган Фримен добива Златен глобус за животно дело
Мадона бесна што новата песна и се појави на Интернет
Култниот писател Давид Албахари гостува во Скопје
Стартот на Ал Џезира Балканс нема да се види во Македонија
Ријана не го крие вистинското лице
Турскиот новинар и режисер Џан Дундар, гостин во Скопје
Недела на современ словенечки филм во рамки на „Синедејс“
Нападнат актерот Јовица Михајловски
Кои се голите ук��аински протестантки?
„Кајзер чифс“ доаѓаат на Таксират!
Снимајте филм на мобилен телефон
(ФОТО) Четворен триумф на Лејди Гага
Сирачето од Венецуела стана најубава жена во светот
„Панкот не е мртов“ со награда на фестивалот во Котбус
Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Мадона лансира нова модна линија
„Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Мимоза Несторова Томиќ, вечерва ќе ја прими наградата „Андреја Дамјанов“
Ѓоко Танески доби втора ќерка!
„Битлсите“ го избегнуваат синот на Џон Ленон
„Калигула“ на Зоја Бузалковска во Прилепски театар
Спомен куќата на Тоше пред огромен триумф
Затворската казна за Линдзи Лохан одложена поради „Плејбој“
Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
Промоција на „Црногорска трилогија“ од истакнатиот новинар Драган Николиќ
Заколнатиот ерген Хју Грант стана татко
Отворање на Неделата на францускиот филм
Филмови, музика и многу гости на „Синедејс“
Стартува едукативна програма за танцот кај децата
Прва фотографија од брачната двојка Саркози со ќерката Џулија
Почнува Фестивалот за електронски уметности во МСУ
Тајниот албум на Ејми Вајнхаус излегува на 5 декември
Пикасо и Матис неделава ќе заработат 400 милиони долари
Гоце Смилевски е откровение што доаѓа од Македонија
Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 5°C

Магла

Среда
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 0°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |