21.11.2011, 14:32 Женскиот квартет „Ролин Фонс“ во Музеј на град Скопје
Во рамките на годинашното издание на Есенски музички свечености денеска концерт ќе одржи квартетот од Шведска во Музеј на град Скопје, со почеток во 20 часот.
„Ролин Фонс“ е квартет кој е формиран во 1986 година и ги спојува талентите на Тове Нилунд, сопран саксофон, Кристин Углар, алт саксофон, Хелена Фриман, тенор саксофон и Нета Норин, баритон саксофон.
Концертите на овој културен амбасадор ги карактеризира спојот на најдоброто од класичната и современата музика, а имаат настапувано низ Европа, САД, Среден Исток, Африка и Азија.
|