23.11.2011, 13:36 Кубица ќе го пропушти стартот на сезоната 2012
Полјакот се помири со подолга пауза од очекуваната по тешките повреди добиени на рели.
Возачот на Рено, Роберт Кубица, ќе го пропушти почетокот на сезоната 2012 во Формула 1, откако Полјакот се согласи дека не е целосно физички подготвен по речиси фаталниот инцидент во февруари. Кубица (26) ја пропушти целата годинашна сезона, а помина и два месеца во болница. Тој доби повреди на раката, на шаката и на ногата и изгуби големо количество крв во незгодата на рели во Италија, по што беше подложен на низа операции. И покрај тоа што спроведе интензивна тренинг програма за враќање на целосната физичка подготвеност, Кубица се сомнева дека ќе биде подготвен за стартот на сезоната 2012 во март.
„Иако работев многу, многу напорно во текот на последните неколку недели, дојдов до заклучок дека се' уште не сум сигурен оти ќе бидам подготвен за сезоната 2012“, изјави тој. „Ова беше тешка одлука за донесување, но таа е најразумна. Моето закрепнување се' уште е многу охрабрувачко и моите доктори и понатаму се импресионирани. Едноставно, потребно ми е повеќе време, бидејќи сакам да бидам стопроцентно подготвен пред да се оддадам на што и да е поврзано со возењ��“.
|