25.11.2011, 11:33 Наваро најдобар стрелец во историјата на Евролигата
Шпанецот реализира 14 поени против Унион Олимпија, чиј тренер е македонскиот стручњак Сашо Филиповски, во победата од 72:46 и со вкупно 2.716 поени го надмина неодамна пензионираниот Маркус Браун.
Шпанскиот кошаркарски ас, Хуан Карлос Наваро кој настапува за Барселона стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата од нејзиното формирање во 2000 година.
Тој постигна 14 поени против Унион Олимпија, чиј тренер е македонскиот стручњак Сашо Филиповски, во победата од 72:46 и со вкупно 2.716 поени го надмина неодамна пензионираниот Маркус Браун. Наваро (31) сите 11 сезони ги одигра за Каталонците, со кои неодамна го продолжи договорот до 2015 година.
Наваро, кој многу добро и е познат на целата македонска јавност по 35-те поени постигнати против македонската селекција во полуфиналето на ЕП во Литванија, има две шампионски титули со Барса во Евролигата, пет пати е избран во најдобриот тим, а во сезоната 2008/09 ја понесе титулата МВП.
Резултати од 6.коло:
Група А: Олимпијакос - Билбао 88:81, Нанси - Канту 76:75 и Каха Лаборал - Фенербахче 90:85. Табела: Каха Лаборал 4-2 (победи-порази), Олимпијакос 3-3, Канту 3-3, Фенербахче 3-3, Нанси 3-3, Билбао 2-4.
Група Б: ЦСКА Москва - Жалгирис 95:82, Уникаха - Панатинаикос 76:77, Загреб - Бамберг 86:74. Табела: ЦСКА Москва 6-0, Панатинаикос 4-2, Уникаха 3-3, Бамберг 2-4, Загреб 2-4, Жалгирис 1-5.
Група Ц: Анадолу Ефес - Партизан 67:58, Реал Мадрид - Шарлроа 93:89 и Макаби - Армани 85:76. Табела: Макаби 5-1, Реал Мадрид 4-2, Анадолу Ефес 3-3, Партизан 3-3, Армани 2-4, Шарлроа 1-5.
Група Д: Монтепаски Сиена - Уникс Казан 73:79, Галатасарај - Проком 78:76 и Барселона - Унион Олимпија 72:46. Табела: Барселона 6-0, Сиена 4-2, Уникс Казан 4-2, Галатасарај 3-3, Олимпија 1-5, Проком 0-6.
|