28.11.2011, 11:34 Катимерини: Хаг ја осуди Грција
Грчкиот весник Катимерини повикувајќи се на неофицијални но сигурни извори од Меѓународниот Суд тврди дека пресудата е донесена во корист на Македонија.
Судот ја осуди Грција за прекршување на Привремената спогодба со ветото на нејзиното членство во НАТО, јавува грчкиот весник “Катимерини“, а според нивни информации вака ќе гласи пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, што треба да биде објавена на 5 декември.
Грчкиот весник Катимерини повикувајќи се на неофицијални но сигурни извори од Меѓународниот Суд тврди дека пресудата е донесена во корист на Македонија.
Клучен аргумент за ваквата пресуда биле изјавите на тогашниот премиер Костас Караманлис и тогашната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, во кои тие најавуваат вето за интеграцијата на Македонија поради спорот за името, јавува весникот.
Според весникот, пресудата иако е во наша корист, нема да и наложи на Грција да не ја блокира интеграцијата на Република Македонија.
Македонија ја тужи Грциjа за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на Самитот во Букурешт. Пресудата се очекува да има не само правно туку и силно политичко влијание врз спорот.
|