29.11.2011, 12:04 Чешката полиција откри деца кои не излегле од дома
Чешката полиција во центарот на Прага откри деца кои никогаш не излегле од дома, јави дописникот на МИА од Прага.
Приказната за тригодишното момче и едно и пол годишното девојче, кое се родени во домашни услови и не знаат како изгледа надворешниот свет, ја објави чешкиот весник „Млада фронта днес“.
Децата немаат изводи на родени и иако биле добро хранети, биле психички депримирани и реагирале со изненадување на играчки.
Родителите на децата го криеле нивното раѓање и ги чувале затворени сметајќи дека така ќе ги заштитат од негативните влијанија на надворешниот свет. Полицијата информираше дека во моментот децата се кај нивните баба и дедо, а нивните родители, приврзаници на алтернативниот начин на живот го изгубиле интересот за децата, „бидејќи се допрени од некој друг“. Нема сознанија дали родителите кривично ќе одговараат.
|