30.11.2011, 11:19 Еврозоната одобри нови 8 милијарди евра за Грција
Благодарение на овој заем земјата ќе ја избегне опасноста до 15 декември да прогласи банкрот, изјави европски дипломатски извор.
Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната по неколку месечните дискусии постигнаа согласност да и допуштат на Грција заем од осум милијади евра, благодарение на кој земјата ќе ја избегне опасноста до 15 декември да прогласи банкрот, изјави европски дипломатски извор.
Седумнаесетте држави од еврозоната уште пред оставката на Владата на Јоргос Папандреу во принцип го одобрија отпуштањето на оваа транша од заемот. Но конечното одобрение беше одложено поради барањето на еврозоната и на Меѓународниот монетарен фонд трите главни политички партии во Грција, кои ја поддржуваат Владата на национално едниство на премиерот Лукас Пападимос, писмено да ветат дека ќе ги имплементираат реформите, за кои се заложи кабинетот на Папандреу.
Одобрувањето на траншата од еврозоната значи дека Атина ќе може да добие помош од 5,8 милијарди евра од осумте милијарди, бидејќи отпуштањето на останатиот дел од сумата треба да биде одобрен од ММФ.
|