01.12.2011, 10:47 Први декември - Светски ден на борба против сидата
Денеска е светскиот ден против Сидата кој има за цел да ја подигне свеста и мерките во борбата со болеста. ОН и светските здравствени организации соопштија дека во источно европските и централно азиските земји има драматичен раст на ХИВ за 250 насто од 2001 до 2010 година.
Денешниот 1. декември е ден кога организациите и индивидуалците од целиот свет ги обединуваат своите активности за да го привлечат вниманието кон глобалното ширење на епидемијата на смртоносната болест.
Годинава се одбележуваат 23 години од активната борба против оваа болест. Една третина од вкупниот број на заболени од СИДА живеат во земјите на Африка. Голем број на регистрирани случаи од оваа болест се и во некои од азиските земји, земјите од Латинска Америка и САД.
Во Македонија се регистрирани 142 случаи на болни од хив сида, а само годинава има 10 нови случаи. До сега од оваа болест во Македонија починале 66 лица.
На СОС линијата за помош од сида и дрога помош побарале 226 г��аѓани - најголем број од јавувачите се загрижени родители кои што бараат совети за своите деца. За оваа смртоносна болест се уште нема лек ниту вакцина.
|