01.12.2011, 15:04 „Тротоар“ се сели на МТВ
Популарните забавни емисии „Тротоар њуз“ и „Тротоар лејт најт“ кои досега се емитуваа на телевизија Канал 5 од 4 декември ја менуваат својата фреквенција и преминуваат на програмата на Македонската телевизија.
Прес-конференцијата по повод трансферот на емисиите, кои и понатаму ќе ги реализира „Томато продукција“, ќе се одржи утре во ресторанот „Томче Софка“ и на неа ќе бидат објавени сите детали. На пресот ќе присуствува комплетната водителска екипа на емисиите: Дамјан Дренковски, Ведрана Ѓорѓевиќ, Димитар Атанасовски и Марко Новески.
|