05.12.2011, 14:56 Постигнат договор за формирање влада на Белгија
Вкупно 540 дена по парламентарните избори во Белгија одржани лани во јуни, шесте водечки политички партии денеска постигнаа договор за формирање нова влада на земјата.
Договорот за составот на новата Влада, која ќе ја поредводи социjалистот Елио ди Рупио, беше постигнат нa последната рунда преговори што траеше 20 часа.
Согласно договореното, новата влада ќе има 13 министри и шестмина државни секретари.
Се очекува листата на членови на новата влада Рупио попладнево да му ја достави на белгискиот крал Алберт, по што за неа ќе треба да се изјасни Федералниот парламент.
Белгиските медиуми јавуваат дека Парламентот би можел да гласа за изборот на новата влада уште вечерва или најдоцна утре.
|