04.12.2011, 11:29 Предвремени парламентарни избори во Словенија
Во Словенија денеска се одржуваат првите предвремени парламентарни избори на кои ќе гласаат 1,7 милион регистрирани гласачи.
Според анкети најголем број гласови ќе освои партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, Словенечка демократска партија (СДС).
Според резултатите СДС ќе добие поддршка од 35,5 проценти од граѓаните, а на второ место е новоформираната партија „Позитивна Словенија“ на градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ ќе добие 22,7 отсто, а на трето место е Социјалдемократската апртија на досегашниот премиер Борут Пахор.
Владата на Пахор во септември ја изгуби поддршката откако неговата програма за економски реформи не доби поддршка на референдумот.
Првите неофицијални резултати ќе бидат познати вечер.
|