02.12.2011, 11:26 Германија и Франција ќе работат на „нова“ Европа
Францускиот претседател Никола Саркози изјави во Тулуз дека Франција и Германија ќе вложат заеднички напори да создадат нов договор кој би обезбедил буџетска дисциплона во презадолжената еврозона.
Саркози синоќа говореше пред 5.000 приврзаници во градот на југот на Франција, и соопшти дека во понеделник ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да договорат и најави заеднички план кој ќе го изнесе на самитот на ЕУ на 8 и 9 декември.
Францускиот лидер предупреди дека развиениот свет влегува во „нов економски циклус“ во кој доминира прашањето за намалување на долгот и укажа оти следуваат тешки времиња.
- Франција и Германија, после толку трагедии, одлучија да ги обединат своите судбини и заедно да гледаат во иднината. Промената на таа стратегија би била непростлива, нагласи Саркози.
Француските претставници се заложија за поголема улога на Европската централна банка (ЕЦБ), додека таа опција за Германија е неприфатлива.
Двете земји и досега беа промотори на мерките за излез од кризата во еврозоната, но не секогаш имаа идентични ставови за клучните прашања. За разлика од Париз кон инсистира на поголема улога на Европската централна банка, Германија се залага за стрикна буџетска контрола и воведување мерки за штедење во задолжените економии.
|