02.12.2011, 11:35 Петта седумка за Лазаров во ЛШ
Кирил Лазаров не го наруши просекот од седум гола по натпревар во Лигата на шампионите ни во реваншот со Чеховски медведи во Русија, каде што Атлетико Мадрид ремизира 29:29.
Тоа беше петта седумка за најдобриот македонски ракометар во ЛШ сезонава, покрај шесте гола против Фиксе во Берлин и осумте на гостувањето во Кјелце. Со вкупно 49 погодока, тој го презеде првото место на листата на стрелците во најсилното европско клупско натпреварување од репрезентативниот колега Наумче Мојсоски. Но, играчот на Металург, кој има 45 гола, вечерва го очекува возвратниот дуел со Санкт Петербург во Скопје. (Р.Д.)
|