02.12.2011, 12:21 Во Бугарија на 600.000 фирми им се заканува затворање
Во Бугарија пред затворање се 589.803 фирми бидејќи се уште не се пререгистрирале, а законскиот рок за тоа истекува на 30 декември, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за упис.
Експертите истакнуваат дека голем број претпријатија го чекаат последниот момент, и во прилог на тоа го наведуваат и податокот дека од почетокот на годината се пререгистрирале 91.655 фирми, пишува весникот „Труд“. Во приватна сопственост се голем дел од непререгистрираните фирми, дури 480.873, и прашање е колку од нив ќе се пререгистрираат, имајќи предвид дека постојат само на хартија, а сопствениците не покренале постапка за нивно гаснење. Според законот од 1 јануари 2012 година, сите непререгистрирани приватни фирми ќе се сметаат за непостоечки.
|