02.12.2011, 14:26 Ватикан призна дека има вонземјани
Главниот астроном на папата би бил воодушевен доколку би имал можност да се сретне со интелегентни вонземјани, и дека со задоволство би ги покрстил
„Веројатно некаде во вселената постојат високо развиени вонземски суштества и како такви би им посакале добредојде во црквата – без оглед на тоа колку пипала имаат“, изјави главниот астроном на папата, свештеникот Гај Консолмањо.
Овој научник од Ватикан тврди дека би бил воодушевен доколку би имал можност да се сретне со интелегентни вонземјани, и дека со задоволство би ги покрстил, но само со нивна согласност. Пред својот говор на Британскиот научен фестивал, Консолмањо изјави дека не гледа проблем во коегзистенција на науката и религијата.
Интересно е како Консолмањо го отфрла креационизмот, со тврдење дека контроврзната теорија за „интелегентен дизајн“, според која единствено Господ може да ги објасни дупките во теоријата за револуција, напросто е лоша теологија, пренесува „Телеграф“.
Консолмањо навистина се труди да остане реален и смета дека сепак се мали шансите за квалитетен контакт со вонземјани. „Ако земеме предвид дека прво мора да се сретнеме, и дека тие мора да бидат интел��гентни, и уште кон тоа да се придодаде фактот дека мора да се разбереме – би рекол дека шансите се многу мали“, проценува еден од 12 астрономи на Ватикан.
Во согласност со тоа, Консолмањо отвора простор за проактивен пристап, кој би подразбирал вселенски мисионери кои во иднина би оделе кон други планети за да покрстуваат вонземјани. „Господ е поголем од човештвото. Господ е исто така и господ на ангелите. Било кое суштество, без оглед на тоа колку пипала има, поседува душа“, заклучува овој специјален свештеник.
|