25.11.2011, 10:47 Во Албанија за десет месеци нови 65 случаи на ХИВ
Нови 65 случаи на заразаени со ХИВ/СИДА се регистрирани во Албанија изминатите десет месеци од 2011 година, потврдуваат од Институтот за јавно здравство.
Оваа бројка е до сега најголема регистрирана за десетмесечен период од една година, пренесува дописникот на МИА од Тирана.
Со ова официјалниот број заразени со овој смртоносен вирус во Албанија се искачи на над 500, иако се смета дека тој број е поголем, поради недијагностицираните случаи.
- Од вкупниот број ново дијагностицирани, 48 се мажи, 17 жени и три деца, кои болеста ја добиле од нивните мајки. Но, сметаме дека вкупниот број заразени е далеку поголем и изнесува над илјада инфектирани- изјави националниот координатор за проектот ХИВ/СИДА, Роналд Бани.
Според него, вкупниот број деца заразени од оваа болест се искачил на 24.
Тој апелираше до сите бремени жени да извршат тест за ХИВ/СИДА, затоа што доколку навреме се преземат соодветни, детето ќе се роди здраво, нагласува тој.
Според Интситутот, болеста најчесто се пренесува по сексуален пат или во 90,4 отсто од случаите. Инфекцијата се пренесува и преку крвта, во 3,8 отсто случаи преку инјектирање дрога, а во 4,5 отсто ��д случаите децата ја наследиле болеста од мајките.
Во текот на целата мината година во Албанија биле регистрирани 55 нови сучаи.
Првиот случај на СИДА во земјата беше регистриран во 1993 година.
|